Совети од ЦУК што да се прави ако граѓаните наидат или бидат каснати од змија

June 11, 2024
1 min read

Центарот за управување со кризи (ЦУК) превентивно потсетува дека при прошетки во природа граѓаните може да се сретнат со змии кои, како што наведуваат, најчесто бегаат од луѓето. Ако змиите бидат вознемирувани намерно или ако случајно бидат нагазени или наседнати, иако во ретки случаи, граѓаните можат да бидат гризнати од влекачите.

– Во таков случај и по прва самопомош е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната медицинска помош. Важно е да се потсети дека ако змијата е отровна, покрај правилната прва самопомош е многу важно и за што пократко време да се добие и медицински третман, соопшти ЦУК.

На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало повици за многу различни итни случаи, меѓу кои и за опасност од присуство на змии во објекти во населени места.

Од ЦУК посочуваат дека понекогаш во одредени ретки случаи пожарникарите помагаат змиите да се отстранат од објекти и површини во населени места, како при симнување мачки од дрвја или повисоки места, но, нагласуваат, тоа не може да се оствари секогаш, особено во период на сезона на пожари.

– За вакви специфични случаи на појава на змии во објекти во населени места не постојат специјализирани институции за нивно отстранување, туку има физички лица, а и граѓански асоцијации за заштита на животните, кои можат да им помогнат на граѓаните за безбедно отстранување на змии, други влекачи од објекти и површини. Таквиот ангажман и слично, се остварува секако по непосреден контакт и договор со нив, во рамки на заеднички, а и законски можности, се вели во соопштението.

ЦУК потсетува дека змиите се дел од природата и не е препорачливо да се убиваат.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Следно

Пакистанец проба да отвори геј клуб во Пакистан. Проба.

Latest from Blog

Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор

Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога загинаа 16 лица. Тие беа осудени

Собранието изгласа Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници

Собранието денеска одобри прераспределба на средства меѓу буџетските корисници со кои се обезбедуваат два милиони денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во

Турција ја засилува безбедноста на границите поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција ги зголеми мерките за безбедност на границите и воздушниот простор како одговор на зголемените тензии на Блискиот Исток, а министерот за одбрана Јашар Ѓулер ги осуди воените напади

КЛ: Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа потенцијалните ривали во 2. квалификациско коло

Трите македонски екипи кои изборија пласман во квалификациите во Лигата на конференции, попладнево со жрепка во Нион ги дознаа можните ривали за втората квалификациско рунда. Освојувачот на македонскиот Куп, Вардар за противник
Go toTop