СНЕЖНИТЕ НАНОСИ БИЛЕ ВИСОКИ И ДО ЕДЕН МЕТАР: Пробиен патот кон кривопаланечкото село Герман

February 3, 2023
1 min read

Големите снежни наноси високи и до еден метар на регионалниот пат Општина Ранковце – село Герман, оддалечено дваесетина километри од општината, се расчистени откако речиси цел ден екипи на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патни правци, секција Крива Паланка работеа на терен.

– Искуството од минатите години е минато, не дозволивме жителите на селото Герман да останат отсечени и по повеќечасовна интензивна работа на терен, нашата служба го расчисти патот, завеан во состои на места повисоки и од еден метар, информира раководителот на јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патни правци, секција Крива Паланка, Боби Димитровски.

Патот кон селото Герман бил завеан во текот на ноќта, по врнежите од снег кои го зафатија овој регион.

– Висината на снежната покривка во Герман изнесува околу педесет сантиметри, а патот бил непрооден од доцна во ноќта до раните утрински часови. Благодарност до ЈП за одржување на патиштата, за навремената реакција, така што, жителите на околу триесетина домаќинства можат непречено да ги вршат своите работни обврски, а истовремено, овозможено е дечињата да следат настава, бидејќи кога патот е непрооден, се случувало и по неколку денови да бидат отсутни од училиште или да следат онлајн настава, рече градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски.

Раководителот на ЈП за одржување магистрални и регионални патни правци секција Крива Паланка, Димитровски, посочи дека висината на снежната покривка и во останатите високи планински села во Општина Крива Паланка изнесувала околу 25 сантиметри, но патот и кон селото Луке и кон село Огут бил расчистен навремено, така што, жителите на селата се задоволни, рече Димитровски.

Во текот на изминатото деноноќие оваа зимска служба интервенирала на повеќе локации во реонот на Крива Паланка, Ранковце и Кратово, а на коловозите се фрлени над дваесет тони абразивен материјал, сол и ризла.

И магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка – Деве Баир е прооден, сообраќајот за патнички и товарни моторни возила се одвива непречено, а висината на снежната покривка на граничниот премин Деве Баир со Република Бугарија е десет сантиметри.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Франција и Италија ќе и достават ПВО систем МАМБА на Украина

Следно

Клековски: ВМРО-ДПМНЕ учтиво, културно, достоинствено ќе го чествува роденденот на Гоце Делчев

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop