Клековски: ВМРО-ДПМНЕ учтиво, културно, достоинствено ќе го чествува роденденот на Гоце Делчев

February 3, 2023
1 min read

Учтиво, културно, достоинствено. Вака ВМРО-ДПМНЕ ќе го чествува денот на раѓањето на Гоце Делчев, рече Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител. Тој посочи дека инцидент оди во прилог само на Бугарија.

„Од друга страна е МВР кое треба да се погрижи за било каква провокација, инцидент или треба да обезбеди минимизирање на било какви провокации“, рече Клековски.

Според него целата атмосфера дојде до тука бидејќи државата претходни ништо не спречуваше или на претходните инциденти имаше слаби реакции.

„Ние сме на најниска точка во односите со Бугарија, од потпишување на Договор стигнавме до тука. Ескалацијата почна од отворање на клубовите, чествувањето на Мара Бунева и слично. Случајот во Охрид гледаме до каде стигна. Случајот е последица на неспособноста на надлежните, кога не може нешто да среди говори за хибридна војна, ако имаат такви информации тогаш нека ги средуваат работите, а не да зборуваат по медиуми“, рече Клековски.

Клековски констатира дека обидот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да ги изедначи двете страни е погрешен. Тој илустрираше со ситуацијата кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше во Благоевград и оти тој не говореше дека Бугарите се Македонци, а Бугарите тоа го прават тоа кај нас.

„И по вакви случувања следи Декларација во бугарското Собрание кое ги поддржува овие и слични нивните тези“, посочи Клековски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СНЕЖНИТЕ НАНОСИ БИЛЕ ВИСОКИ И ДО ЕДЕН МЕТАР: Пробиен патот кон кривопаланечкото село Герман

Следно

Мајкрософт: Хакери од Иран ги хакирале податоците на магазинот Шарли Ебдо

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop