Синдикатите со два одделни првомајски маршеви во Скопје, полицијата најави посебен сообраќаен режим

May 1, 2023
1 min read

КСС и ССМ најавија два оддели протестни маршеви по повод 1 Мај. Двата протести, пак, ги поддржаа од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија порачувајќи дека е крајно време за обединување

Со два оддели маршеви, двата најголеми синдикати во земјава денеска ќе го одбележат 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) ќе го започне маршот во 10 часот, а Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во 12 часот, и на нив ќе излезат со барања за зголемени и достоинствени плати за работниците, пристојно работно време и почитување на колективните договори.

Поддршка на двата синдикалните протести најавија и од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) од каде порачаа дека е крајно време да се обединат сите синдикати. Оттаму порачаа дека нивните членови може да протестираат од 10 до 14 часот и да им се придружат и на ССМ и на КСС.

Додека траат протестните маршеви, од скопската полиција најавија дека во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје.

Одд 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради маршот на КСС кој ќе биде со траса на движење од пред канцелариите на Конфедерацијата на улица „50 Дивизија“, по улица „Јордан Мијалков“, булевар „Климент Охридски“ па се до пред Владата на булевар „Илинден“.

Маршот на ССМ, пак, закажан за напладне, ќе почне од пред зградата каде се просториите на Сојузот на синдикати на Македонија на улицата „Мирче Ацев“, од каде ќе продолжи кон Собранието по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на булевар „Илинден“ пред Владата.

Од МВР апелираа сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полицајците.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ФОТО: Првото одбележување на денот на трудот во Скопје

Следно

Курти: Нема да дозволиме нова Република Српска во Косово

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop