Курти: Нема да дозволиме нова Република Српска во Косово

May 1, 2023
2 mins read

Нам ни е важна заштитата на малцинствата, но не можеме да даваме извршни овластувања на локалната заедница бидејќи извршната власт им припаѓа на Владата и општините, порачува косовскиот премиер

Нема да дозволиме сателитска парадржава со деструктивна суштина која ќе ја поткопа државноста на Косово, изјави косовскиот премиер Албин Курти пред на утрешниот нов состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел.

Во интервју за хрватската агенција Хина, тој вели и дека нема да дозволи создавање на нова форма на Република Српска на северот на Косово.

Ваквите коментари се во пресрет на презентацијата на нацрт-документот за Заедницата на српски општини (ЗСО) што треба да се случи на утрешниот состанок. Курти вели дека сè уште не го видел нацртот.

Формирањето на ЗСО е една од клучните точки на преговори меѓу Белград и Приштина, тоа е приоритет за српската страна, а беше предвидено со Бриселскиот договор за нормализација на односите од 2013 година.

Косово, пак, се обидува да спречи оваа Заедница да има овластувања како извршна власт.

„Со оглед на инсистирањето на Брисел, ќе ми биле мило да видам како нацрт подготвиле иако мислам дека е подобро прво да ми го презентираат во Приштина. Сепак, јас ќе се погрижам да се исполни она што веќе беше договорено на 27 февруари во Брисел, постоење на соодветно ниво на самоуправа на српската заедница според највисоките европски меѓународни стандарди за заштита на малцинствата“,

вели Курти.

Понатаму во интервјуто тој додава:

„Но, она што нема да го дозволиме е правото на територијализација и создавање на сè што би наликувало на Република Српска во Босна и Херцеговина. Нема да дозволиме сателитска парадржава со деструктивна суштина што ќе ја поткопа државноста на Косово“.

Тој вели дека во односот што го има Србија со соседите гледа слично со Русија, но од своја страна уште еднаш уверува дека нема да дозволи територијализација врз основа на етничка припадност.

„Нашата земја е нормална демократска држава која дава индивидуални и други права на своите граѓани, но не дозволува територијализација врз основа на етничка припадност бидејќи тоа е против демократијата и Републиката“,

вели косовскиот премиер.

Тој уверува дека им случи на сите граѓани во Косово без разлика на етничката припадност, социјалниот статус или верската припадност и оти во Брисел ќе се бори за уставност и законитост на целата територија на Косово.

„Територијалниот суверенитет и интегритет се нешто што не смее да се наруши. Сакам нормални односи со Србија, европски односи, добрососедски односи. Нам ни е важна заштитата на малцинствата, но не можеме да даваме извршни овластувања на локалната заедница бидејќи извршната власт им припаѓа на Владата и општините“,

порачува Курти.

На претходниот состанок што тој го имаше со Вучиќ на 27 февруари во Брисел беше договорен текстот на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Двајцата, под покровителство на ЕУ, на 18 март одржаа состанок и во Охрид каде беше постигнат договор и за анексот за имплементација на сите членови од Договорот.

Лидерите не го потпишаа Охридскиот договорот, но според претставниците на ЕУ и САД, и покрај тоа, двете страни се обврзани да ги спроведат сите точки предвидени во него.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Синдикатите со два одделни првомајски маршеви во Скопје, полицијата најави посебен сообраќаен режим

Следно

Најмалку 18 загинати во сообраќајна несреќа во Мексико

Latest from Blog

60-годишна жена во Карпош, со тешки повреди однесена во болница

60-годишна жена е жртвата која беше прегазена во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата меѓу скопските населби Карпош 2 и Карпош 3, кај Педагошката академија, соопшти денеска МВР. Ја прегазил

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop