Се подготвува терен за нова рунда преговори: Лајчак и Ескобар доаѓаат во Белград и Приштина?

1 min read

И специјалните пратеници на Франција и Германија наскоро ќе ги посетат Косово и Србија, но засега не е прецизирано дали и тие ќе бидат дел од истата делегација со Лајчак и Ескобар

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, заедно со американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кон крајот на оваа недела треба да ја посетат прво Приштина, а потоа и Белград, објави Радио Слободна Европа (РСЕ) повикувајќи се на дипломатски извори.

Според најавата, тие треба да пристигнат во Приштина на 20 јануари.

Изворите на РСЕ посочуваат целта на посетата е подготовка за следната рунда дијалог на највисоко политичко ниво во Брисел.

Иако првичната цел на Лајчак беше еднаш месечно да организиран состанок меѓу лидерите, во минатата година тој успеа само два пати да ги седне на иста маса српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Дипломатски избори од Брисел, пренесува РСЕ, навестуваат дека и специјалните пратеници на Франција и Германија наскоро ќе ги посетат Косово и Србија, но засега не е прецизирано дали и тие ќе бидат дел од истата делегација со Лајчак и Ескобар.

Минатата недела кога специјалниот советник на американскиот Стејт департмент беше во Скопје, тој остави посета и на Белград и Приштина.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Бела куќа: Нема евиденција за посетителите на домот на Бајден каде се пронајдени документите

Следно

РСЕ: Лајчак и Ескобар во Белград и Приштина на крајот на неделата

Latest from Blog