РСЕ: Лајчак и Ескобар во Белград и Приштина на крајот на неделата

1 min read

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, заедно со американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кон крајот на оваа недела треба да ја посетат прво Приштина, а потоа и Белград.

Според дипломатски извори во Брисел, на кои се повикува РСЕ, тие ќе бидат во Приштина на 20 јануари.

Според тие извори, целта на посетата е подготовка за следната рунда дијалог на највисоко политичко ниво во Брисел, наведува медиумот.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Се подготвува терен за нова рунда преговори: Лајчак и Ескобар доаѓаат во Белград и Приштина?

Следно

Бензема останува во Реал Мадрид

Latest from Blog