Се чисти каналската мрежа во општина Илинден

March 17, 2023
1 min read

Од почетокот на годината досега, во координација со АД „Водостопанство-Скопско поле“ – Скопје, ЈКП „Илинден” и граѓаните, исчистени се околу седум километри отворени одводни канали на територијата на Општина Илинден.

Целта на активностите кои се во рамки на Акцискиот план за чистење на каналската мрежа на територија на Општина Илинден за 2023 година, Годишната програма на Општината и Годишната програма на „Водостопанство-Скопско поле“, е да се обезбеди проточност на каналската мрежа.

Според градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, со редовното одржување на каналската мрежа се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението.

Токму поради тоа, како што вели тој, редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените канали останува еден од приоритетите на Општината.

Согласно предвидената динамика, во тек е чистење на Сува Река на потег од аеродромот „Скопје“ кон централниот дел во Миладиновци.

Исто така, од почетокот на годината беше исчистен Ободниот канал од Кадино до Марино во должина од 2500 метри.

Обврската за плаќање годишен воден надомест за редовното одржување, чистење и нивелирање на отворените одводни канали во име на граѓаните Општината ја презема уште од 2010 година.

Со оглед дека каналите се објекти од јавен интерес, според урбанистичките планови, на овие површини не смее да се изведуваат градби или да се вршат работи со кои се загрозува стабилноста на одбранбените насипи.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мексико: Пронајдени телата на некои од шесте исчезнати жени

Следно

Спасувањето на банките го поттикна растот на Волстрит

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop