Мексико: Пронајдени телата на некои од шесте исчезнати жени

1 min read

БОГОТА (АА) – Пронајдени се телата на некои од шесте жени што од 7 март се водат како исчезнати во Мексико, јавува Анадолу.

Локалните медиуми објавија дека некои тела се пронајдени во градот Селаја во државата Гуанахуато и се претпоставува дека им припаѓаат на исчезнатите жени.

Државниот обвинител Карлос Замарипа изјави дека добиле докази дека пронајдените тела им припаѓаат на исчезнатите жени и дека деталните информации ќе бидат споделени откако ќе се утврди нивниот идентитет.

Наведено е дека жените што патувале во групи исчезнале во руралните средини на градот Селаја, по што нивните семејства, исто така, го пријавиле нивното исчезнување во полиција.

Семејствата што дојдоа во обвинителството побараа надлежните да ги информираат за пронајдените тела.

Истрагата продолжува.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Матурантите и студентите денеска на протест пред МОН, бараат полесна државна матура и подобар студентски стандард

Следно

Се чисти каналската мрежа во општина Илинден

Latest from Blog