Бензема останува во Реал Мадрид

January 16, 2023
1 min read

Освојувачот на „Златната топка“ за минатата сезона Карим Бензема одлучи да го продолжи договорот со Реал Мадрид до јуни 2024 година, јавија денеска повеќе шпански и француски медиуми.

Францускиот 35-годишен напаѓач има право да преговара со други клубови, бидејќи влезе во последните шест месеци од договорот со Реал, кој му истекува на крајот на оваа сезона.

Медиумите наведуваат дека Бензема добил понуда од саудискиот клуб Ал Наср, за која детали не се познати, но истакнал дека не сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Бензема е дел од Реал од 2009 година и за мадридскиот клуб досега одигра 621 натпревари на кои постигна 334 голови, додавајќи и 160 асистенции. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

РСЕ: Лајчак и Ескобар во Белград и Приштина на крајот на неделата

Следно

Вечерва во 360°: Еден милион вакцини против ковид-19, вредни 10 милиони долари, одат во ѓубре

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop