Родри се мачи да се врати на теренот по сериозната повреда на коленото и неодамна мораше да направи уште една пауза.
Шпанскиот фудбалер почувствува болка во истото колено на кое беше опериран и побара пауза за да види што му се случува.
Сепак, сега има добри вести. Родри се врати на теренот и повторно почна да тренира со тимот.
Ќе видиме кога Пеп Гвардиола ќе му даде шанса на претстојните натпревари.
Шпанецот одигра седум натпревари оваа сезона.
Извор: vecer.mk


