Дронови и во вториот круг: Јанев дециден, нема толеранција за ниту едно незаконско дејствување

October 28, 2025
1 min read

Информација за актуелната безбедносна состојба и за сите предизвици со кои полицијата се соочува на терен во пресрет на вториот круг од локалните избори добил директорот на БЈБ, Александар Јанев.

Тој денеска, во рамки на работната посета на ОВР Кочани, остварил средба со раководството на сите градови каде во недела ќе биде изборен ден.

-Нашата обврска е јасна: да обезбедиме мирен, безбеден и демократски изборен процес. Полицијата ги презема и ќе ги преземе сите неопходни мерки, со цел граѓаните слободно да го остварат своето демократско право на глас без притисоци, без страв и без закани. Нагласив дека не постои и нема да постои толеранција за ниту едно незаконско дејствување. Секој поединец кој ќе се обиде да ги наруши законите и демократските правила без разлика од каде доаѓа ќе се соочи со брза, професионална и одлучна полициска реакција, објави Јанев.

Директорот на БЈБ посочи дека како и во првиот круг, полициските службеници ќе бидат соодветно распоредени во близина на избирачките места, на сите потенцијални ризични локации, а дополнително ќе се зголеми безбедноста со модерни технички средства, вклучително и воздушно набљудување со дронови.

-Тука сме за граѓаните, тука сме за да ги чуваме демократските вредности на државата. Нашата лична и професионална посветеност е во насока изборниот ден да биде ден на безбедно, слободно и достоинствено изразување на волјата на народот, информира Јанев.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Горд сум на тие момци“: Џорџ Клуни воодушевен од грабежот во Лувр

Следно

Месечен хороскоп за ноември

Latest from Blog

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за
Go toTop