„Горд сум на тие момци“: Џорџ Клуни воодушевен од грабежот во Лувр

October 28, 2025
1 min read

Холивудскиот актер Џорџ Клуни го коментираше неодамнешниот грабеж на накит во Лувр, шегувајќи се дека тој би можел да биде вклучен во претстојниот филм „Оушн 14 “, во франшизата што ги слави измамниците и крадците.

„Ако сте професионален крадец како мене, многу сте горди на тие момци“, рече Клуни со насмевка на премиерата на AFI Fest на неговиот најнов филм „Џеј Кели“. Кога го прашаа дали грабежот во Лувр може да заврши во филмот „Оушен 14“, Клуни одговори како топ.

„Мислам дека Лувр треба да биде ограбен“, рече актерот. Грабежот се случил во недела наутро, кога четворица осомничени украле осум предмети во вредност од повеќе од 100 милиони долари, а Клуни бил изненаден како крадците го извеле тоа среде ден.

Тој исто така откри дека „Оушен 14“ веројатно ќе започне со снимање следната година, со оригиналните ѕвезди од франшизата.

Џулија Робертс, Бред Пит, Мет Дејмон повторно се вклучени во проектот… Оригиналната трилогија „Оушен“ започна во 2001 година со хитот „Оушен единаесет“, кој заработи над 450 милиони долари глобално. Следеа продолженија: „Оушен е дванаесет“ (2004) со 362 милиони долари и „Оушен е тринаесет“ (2007) со 311 милиони долари ширум светот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мажите кои преку интернет ја ширеа приказната дека Брижит Макрон е маж, сега се пред суд: „Зар не смеевме да се пошегуваме?“

Следно

Дронови и во вториот круг: Јанев дециден, нема толеранција за ниту едно незаконско дејствување

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop