Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2026 ќе обезбеди стабилност и развој

October 28, 2025
1 min read

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со кој економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи на 413,9 милијарди денари. Капиталните инвестиции се предвидени на износ од 40,5 милијарди денари, односно 650 милиони евра.

„Капиталните проекти треба да бидат главен двигател на економскиот раст догодина, а позитивен тренд се очекува и од приватните инвестиции, поттикнати од поволните кредитни линии и растот на платите и пензиите“, изјави министерката.

 

Таа посочи дека буџетот за 2026 година ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со цел забрзување на економскиот раст и постепена фискална консолидација.

„Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија, поголема ефикасност и дисциплинирано управување со јавните финансии“, истакна Димитриеска Кочоска.

Според неа, поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг, со цел одржување на макроекономската стабилност и поттикнување на долгорочен раст.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осум Унгарци, двајца Германци и еден кениски пилот загинаа при пад на авион во Кенија

Следно

Родри се враќа на теренот

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop