Прв пат по 2010 година ЛШ финалето ќе биде без француски фудбалер

1 min read

Во изминатите 12 финалиња секогаш имало барем еден Французин во големото финале, а оваа година, исто како и минатиот пат кога играше Интер, ќе биде без ниту еден француски фудбалер.

Калчолигашот Интер и премиерлигашот Манчестер Сити се учесниците во големото финале за оваа 2022/2023 сезона на Лигата на шампионите. Интересно е што и двата тима во својот ростер немаат француски фудбалер.

Интер во своите редови има фудбалери од 13 различни држави, но ниту еден од Франција. Покрај домашните Италијанци, кои ги има 11 на број, има и од Аргентина (3), Холандија (2), Словенија, Германија, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција, Ерменија, Камерун, Словачка, Хрватска и Белгија.

Манчестер Сити исто така не располага со ниту еден Французин. Покрај домашните Англичани, кои се 8 на број, тука се и играчи од Шпанија (3) Португалија (2), Германија (2), Аргентина (2), Холандија, Норвешка, Белгија, Швајцарија, Алжир и Бразил.

Последен пат кога немаше Французин во финале од Лигата на шампионите беше во она од сезоната 2009/2010 кога токму Интер стана шампион. Тогаш играше против Баерн, а и двата тима во своите состави немаа француски играч. Всушност, Баерн тогаш го имаше Франк Рибери, но овој играч имаше казна од 3 натпревари поради црвен картон добиен во полуфиналето, па воопшто не беше во составот за големото финале кое неговиот тим го загуби со 2:0.

Интересно, и Интер и Манчестер Сити во своите редови всушност имаат по еден Французин, но двајцата не се достапни за настап во Лигата на шампионите. „Нераѕурите“ го имаат младиот Лусјан Агуме, кој е пратен на позајмица во Троа, додека „Граѓаните“ го имаат Бенжаман Менди кој клубот уште на почетокот од минатата сезона го суспендираше поради обвиненијата за силувања.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Ердоган упати честитки по повод 19 Мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Денот на млади и спорт

Следно

(ВИДЕО) Големи поплави во Италија, маж се удави во сопствениот дом

Latest from Blog

Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека