Ердоган упати честитки по повод 19 Мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Денот на млади и спорт

May 19, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес упати честитки по повод 19 Мај, Денот на младите и спортот, кој воедно е и Ден на сеќавање на првиот претседател на модерна Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Анадолу.

„Датумот 19 мај 1919 година, кој на турската младина ѝ го подари Гази Мустафа Кемал, е симбол на оживувањето на духот на отпорот на нашите предци со голема верба, иако соочени со тешкотии“, рече Ердоган.

Истакна дека 19 мај е ден кога турската нација почна да пишува еден од најголемите херојски епови што историјата го има видено, порачувајќи дека нема да потклекне на угнетувањето, единствена и солидарна против империјалистичките сили.

„Најмногу ѝ веруваме на нашата младина кога го осмислуваме и имплементираме напредокот во демократијата и развојот на нашата земја“, рече тој.

Како што Туркије се развива и расте, „ќе им даде поголема поддршка на младите за да можат да ги остварат своите соништа“, нагласи Ердоган.

„Со овие мисли уште еднаш им го честитам на сите 19 Мај, Денот на сеќавање на Ататурк, Денот на младите и спортот, и им оддавам почит на сите херои од нашата Војна за независност, а особено на Гази Мустафа Кемал“, додаде тој.

Инаку, на 19 мај 1919 година Мустафа Кемал Ататурк ја започна борбата за независност на својот народ и ги постави темелите на денешна Република Туркије. Затоа 19 мај е исклучително важен празник во земјата.

Денот на младите и спортот се одбележува со различни манифестации и во другите земји во светот каде што живее турската дијаспора.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Андреј Ковачев: Стево Пендаровски е иницијатор на „црните списоци“ во РСМ, ги направил на средба со службите

Следно

Прв пат по 2010 година ЛШ финалето ќе биде без француски фудбалер

Latest from Blog

Земјотрес го погоди Санторини

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини. Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со тешкотии при усвојувањето на законот на Трамп

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот намалувања на даноците и буџетот од претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до утре, 4

Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста
Go toTop