Поради железничката несреќа во Грција кривично ќе се гонат уште три лица

March 9, 2023
1 min read

Еден од обвинетите е надзорникот на железницата кој бил одговорен за одредување на смените на вработените. Против него е покрената постапка зашто на ноќната смена го поставил сега веќе уапсениот свртничар кој беше на смена за време на несреќата. Во случајот се обвинети и двајца други свртничари од станицата во Лариса, кои наводно предвремено го напуштиле работното место на денот на несреќата

Грчкото обвинителство во четвртокот обвини уште тројца железнички службеници во врска со најтешката железничка несреќа во земјата во која загинаа 57 лица.

Според информациите на грчкото обвинителство кои ги пренесе „Франс 24“, за несреќата се обвинети уште три лица вработени во грчката железница.

Еден од обвинетите е надзорникот на железницата кој бил одговорен за одредување на смените на вработените. Против него е покрената постапка зашто на ноќната смена го поставил сега веќе уапсениот свртничар кој беше на смена за време на несреќата. Во случајот се обвинети и двајца други свртничари од станицата во Лариса, кои наводно предвремено го напуштиле работното место на денот на несреќата.

Сите тројца се соочуваат со обвинение за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди и нарушување на транспортот, а доколку бидат прогласени за виновни, може да се соочат со доживотен затвор.

Свртничарот од железничката станица во Лариса, кој беше дежурен за време на трагичната несреќа и кој наводно по грешка ги насочил двата воза на иста пруга, но во различна насока, пред неколку дена заврши во притвор. Тој е осомничен за кривичните дела убиство и убиство од небрежност и доколку биде прогласен за виновен во судскиот процес што претстои, му се заканува казна од 10 години до доживотен затвор.

Деновиве на улиците на повеќе грчки градови се случуваат масовни протести поради железничката несреќа.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тепачка меѓу тројца мажи во Карпош

Следно

Нов земјотрес во централна Италија: Еве со која јачина бил (ФОТО)

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop