По контроверзното разрешување на Дамева, Судскиот совет ќе бира нов претседател

April 27, 2023
2 mins read

Ниту во Законот за Судски совет ниту во Деловникот за работа има предвидено процедура за разрешување на претседател. Вчера и Коалицијата „Сите за правично судење“ реагираше дека за Дамева да биде разрешена од претседателка, требало да биде разрешена од член на Судскиот совет, а за тоа, потенцираа, е потребна соодветна процедура за дисциплинска постапка во која кога ќе дојде до разрешување, се потребни осум гласа „за“, не сметајќи го оној на предлагачот. Дамева, пак, беше разрешена само од претседателската функција со седум гласа, вклучително и на заменик-претседателот кој го иницираше разрешувањето

Денеска во 11 часот во Судскиот совет треба да се одржи седница на која, како што е најавено, ќе се избира нов претседател.

Ова следува откако вчера имаше контроверзно разрешување на Весна Дамева од претседателската функција кога нејзиниот заменик Селим Адеми, во нејзино присуство, по неколку часа тензии и караници го презеде раководењето со седницата и предложи да се гласа за разрешување со кревање рака.

Судски совет

Седум члена на Судскиот совет предводени од заменик-претседателот Селим Адеми, гласаа „за“ разрешување на Дамева, по што заменик-претседателот констатира дека актуелната претседателка е разрешена и веќе не може да раководи со седницата, па ја закажа денешната за избор на нов претседател. Покрај Адеми, „за“ разрешување гласаа и Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска.

Дамева реагираше дека ова е анархија и со ова ќе бидат среќни некои лица во политиката, но и потенцира дека станува збор за незаконско разрешување нагласувајќи дека не може да ја разрешат со седум гласа „за“ ако за избор на претседател се потребни осум.

Во слична насока по вчерашното контроверзно разрешување реагираа и адвокати и правници преку објави на социјалните мрежи, како и Коалицијата „Сите за правично судење“ која редовно ги следи седниците на Судскиот совет.

Интересно е што во Законот за Судски совет и Деловникот за работа нема предвидено процедура за разрешување на претседателот на овој совет. Истото го потенцира и Коалицијата наведувајќи дека се предвидени само одредби за дисциплинска постапка и одговорност на член на Советот, па така според невладината организација, Дамева можела да биде разрешена од функција само ако е разрешена како член на Советот, за што е потребна соодветна дисциплинска постапка.

За да се изрече дисциплинска мерка или разрешување, пак, како што предвидува Законот, на што укажуваат и од Коалицијата, треба да има формално образложено барање поткрепено со докази и истото да се достави од кој било член на Советот или најмалку до 20 судии.

„На ваквото барање, членот против кого се однесува, може да достави одговор во рок од 8 дена од денот на добивање на барањето со доказите, по што во рок од 2 дена претседателот, односно заменик-претседателот на Советот ги доставува материјалите до останатите членови и закажува седница на која ќе се расправа по барањето. По ова, за да може да се донесе одлука за разрешување на член на Советот, за истата мора да гласале најмалку 8 члена со право на глас, при што мора да гласале за разрешувањето и најмалку двајца членови избрани од Собранието на РСМ, а притоа членот за чија одговорност се одлучува и членот кој е подносител на барањето, не учествуваат во гласањето“,

нагласуваат од Коалицијата.

Поради ова, сметаат тие, во вчерашниот случај разрешувањето е неосновано бидејќи немало постапка за Дамева да се разреши како член, а и одлуката наместо со осум е донесена со седум гласа „за“, меѓу кои и на иницијаторот Адеми.

Ова е само една од неколкуте забелешки што беа нотирани за вчерашната седница од страна на набљудувачите. Тука е и прашањето како воопшто заменик-претседателот го презеде раководењето со седницата, а и како разрешувањето се најде на дневен ред.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На Ердоган нешто не му е добро

Следно

Туркије: Во операција против терористичката ДЕАШ во Анкара приведени девет странски државјани

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop