Пиоли: Сега наша цел е место во Лигата на шампионите

1 min read

Италиајнскиот фудбалски клуб Милан е во лоша форма, а таа денеска кулминираше со пораз на свој терен од Сасуоло со 5-2. Росонерите ја бранат титулата, но не само што нема да можат до неа, туку ризикуваат да не се пласираат ниту на место кое води во Лигата на шампионите доколку не се вратат на победничкиот колосек.

„Чувствувам разочарување, но нема далеку да стигнеме со разочараност. Перформансите на последните мечеви кажуваат дека се мачиме, ова мора да ме натера да разберам што треба да направиме за да ја подобриме ситуацијата и да се справиме на поинаков начин“, вели Пиоли.

„Нашето Скудето оваа сезона ќе биде обезбедување на место во Лигата на шампионите, тоа е нашата цел.Откако не успеавме да ја победиме Рома и покрај тоа што водевме со 2-0, како да не можеме да ја играме нашата игра. Мораме да докажеме дека се уште можеме да имаме добра сезона и да обезбедиме место во Лигата на шампионите“.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Средба на Спасовски и Демерџиев утре во Скопје

Следно

Спасовски и Демерџиев утре ќе договараат како да се обезбеди мирна прослава на 4 февруари

Latest from Blog