Спасовски и Демерџиев утре ќе договараат како да се обезбеди мирна прослава на 4 февруари

January 29, 2023
1 min read

Македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот бугарски колега Иван Демерџиев утре на работна средба во Скопје ќе ги договараат заедничките активности кои двете земји ќе ги преземат за обезбедување мирна и безбедна средина за прославата на 4 февруари – денот на раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека по завршувањето на средбата, нема да има изјави за медиумите, односно ќе биде издадено само соопштение.

Средбата доаѓа откако на социјалните мрежи беа објавени информации дека во Скопје на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев, се очекува да пристигнат организирани групи на бугарски државјани.

По овие информации, пред три дена на социјалните мрежи од македонска страна започнаа да се организираат граѓани кои планираат да постават блокади на патиштата со цел да ги спречат бугарските државјани, кои најавија дека доаѓаат во Скопје на 4 февруари за одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Освен најави за „ноќна стража“ од 3 февруари пред црквата „Свети Спас“, каде што се наоѓа гробот на Делчев, во повик на Фејсбук се повикува и на блокада на патиштата.

Министерот Спасовски пред неколку дена посочи дека нема никаква потреба од какво било организирање на граѓаните за блокади на патиштата или ноќни стражи, затоа што, како што нагласи, тука се институциите на системот.

„Апелирам до сите на мирно, достоинствено чествување, а државата, МВР и безбедносните служби се тука да направат сè и да обезбедат мирни услови“,

изјави Спасовски.

На денот на чествувањето, Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ ќе организира „херојска стража“ со присуство на гробот на револуционерот на 4 февруари во текот на целиот ден, со започнување во 07:00, а претседателот Александар Пандов ги повика сите граѓани и почитувачи на делото на Делчев да дојдат во црквата Свети Спас и да изразат почит.

“ВМРО-ДПМНЕ  е браник на македонштината и патриотизмот и ние не смееме ниту по една цена да им го дозволиме да го направат тоа во Скопје. Ова е многу важен настан и исклучително важно е ние на 4ти февруари да се појавиме во што поголем број пред црквата Св. Спас во Скопје од 07:00 часот наутро”,

рече Пандов.

Инаку претходно, претседателот на државата Стево Пендаровски, по седницата на Советот за безбеност соопшти дека, според сите проценки и анализи на надлежните безбедносни служби, одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе биде настан од висок безбедносен ризик.  

На овој ден, како што истакна претседателот на државата, организирани структури во Бугарија се мобилизирани да поддржат организирано доаѓање во Скопје на повеќе лица, кои спроведуваат антидржавни кампањи кон С Македонија.  

Зборувајќи во овој контентекст, Пендаровски ѝ предложи на Владата да им забрани влез во државава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица – државјани на Бугарија поради дејствија што претходно ги преземале и сè уште ги преземаат против нашата држава.  

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пиоли: Сега наша цел е место во Лигата на шампионите

Следно

Три лица загинаа во руското гранатирање на Херсон

Latest from Blog

Руте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат Иран

„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на

Еврокомесарката Кос и министрите Јаневска и Сали во посета на студентскиот дом „Стив Наумов“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, заедно со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос ќе го

Швајцарија славеше по пенал – серијата и си закажа дуел со Аргентина! Познати се сите двојки во 1/4 финалето!

ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/ Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето. Откако по истекот на регуларниот дел и по двете продолженија 2Х15 минути беше 0:0 против Колумбија, победникот беше решен по изведување на пеналите. И тоа

Тошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која се разговарало за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето
Go toTop