ПАРИЗ (АА) – Францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну денес изјави дека планира да создаде европски „интервентни сили“ од 2025 година, јавува Анадолу.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера го повтори својот предлог да се формираат такви сили за зајакнување на европскиот суверенитет во одбраната.
„Постојат многу кризи каде што НАТО не е погоден и каде што Франција сама врши операции. Јасен пример е евакуацијата на нашите граѓани од земјите во криза“, изјави францускиот министер за одбрана Лекорну за телевизијата Франс 2.
Тој додаде дека проектот за интервентни сили ќе има цел брзо да ги обезбеди сите европски граѓани.
Лекорну рече и дека веќе почнал да разговара за планот со европските колеги, така што тие ќе бидат готови следната година.
Извор: Anadolu Agency (AA)