Пике ја објасни контроверзната фотографија со Ибрахимовиќ од пред 13 години – сè уште ја памети реакцијата на Златан која е урнебесна

1 min read

Поминаа 13 години откако Жерар Пике и Златан Ибрахимовиќ биле протагонисти на фотографијата која предизвикала многу контроверзии и хаос, а што се случило тој ден на клупскиот паркинг кога двајцата играле за Барселона, појаснил поранешниот шпански играч.

Пике и Ибра стоеле многу блиску, во малку непријатна ситуација, како пред бакнување, а во текот на разговорот со Ибаи Лансом во емисијата „After Kings“ на „Twitch“, Пике бил прашан за таа популарна фотографија и не се двоумел да ја каже својата вистина.

„На таа фотографија сме на клупскиот паркинг. Тука се мојот автомобил и тука беа новинарите. Да можев да го бакнам Златан, тоа дефинитивно не би го направил на паркингот од клубот. Фотографијата е тотално извлечена од контекст. Најдобро од сè беше реакцијата на Златан“, се насмеал Пике.

Откако фотографијата беше објавена, новинарката шведскиот напаѓач го прашала дали е хомосексуалец, а Ибра во свој стил одговорил:

„Не, не, ти и твојата сестра може да дојдете сега и да ви докажам дека не сум геј“, изјавил тогаш Ибра.

Пике и претходно за магазинот „FourFourTwo“ изјавил дека тоа било недоразбирање и дека Златан само му пришол за да му честита за објавувањето на неговата автобиографија, по што фотограф направил фотографија во моментот кога се ракувале.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Бектеши на ФБ: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена

Следно

Пожар во облакодер во изградба во Хонг Конг

Latest from Blog