Пендаровски за ситуацијата во судството – политичката елита да даде пример и да не се јавува за да ургира за предмети

3 mins read

Шефот на државата во интервју за Радио Слободна Европа, зборувајќи за ситуацијата во правосудството, вели дека не знае за конкретни примери на притисоци од политички и бизнис кругови, нешто што беше споменато од двете претходни претседателки на Судскиот совет – институција која во последниот период ја тресат серија скандали. „Јас не знам кој ним им се јавувал, но знаеме дека такви притисоци постојат“, вели претседателот. Во интервјуто тој зборува и за критиките од одредени амбасади за состојбата во владеењето на правото, за евроинтеграциите и очекувањата дека ЕУ ќе ги испорача ветувањата за Западен Балкан, за законите поврзани со Бехтел и Енка, за немирите на Косово

Претседателот на државата вели дека е свесен за појавата на притисоци во судската и обвинителската сфера, иако тој самиот не знае за конкретни примери. Начин за подобрување на сосотојбата во правосудството кое има исклучително ниска доверба кај граѓаните, според Пендаровски, е политичарите да дадат пример и да не се јавуваат за да ургираат за одередни примери.

„Знаеме дека има притисоци особено за оние т.н. високопрофилирани случаи во кои некоја крупна риба од бизнисот или политиката е потенцијално може да биде зафатена со тие процедури. Независнио дали имам многу или малку ингеренции, јас има давам препораки на оние кои имаат многу ингеренции во однос на правосудството – направете една ваква работа, наместо реторика, вие самите дадете пример со тоа што вие нема никаде да се јавувате. Значи, начелно зборувам за сите политичари кои се на функција, министри, претседатели, премиери, градоначалници, зборувам за оние кои се избрани од граѓаните, бизнисот е посебна ситуација… Мислам дека јас тоа го правам во овие години откако сум на функција, не постои една единствена инстанца во која сум се јавил, или преку човек или директно, за кој било случај, да ургирам да биде решен вака или онака. Ако сите што сме на јавна функција тоа го правиле, или барем поголемиот дел од нас мислам дека драстично ќе се подобрат состојбите во таа сфера“,

вели Пендаровски.

Претседателот Пендаровски, Принтскрин: Радио Слободна Европа

На прашањето зошто се согласил со изјавата на холандскиот амбасадор во земјава кој најави дека неговата земја, поради ситуацијата во Судскиот совет, го прекинува финансирањето на проект поврзан со работата на оваа институција, претседателот одговара дека не станува збор за негово недемократско однесување, туку коментар на официјална одлука на друга држава.

„Не станува збор за пари од македонскиот буџет, не станува збор за пари кои се собираат од македонските даночни обрврзници. Кога би направил ваква квалификација за нашиот буџет во донс на наши невладини и медиуми би бил голем недемократ и би зазвучело на некои бивши времиња. Коментирам одлука на странска држава. Холандската влада вели се повлекуваме од голем проект со Судскиот совет бидејќи се покажа дека не работи согласно европските принципи и несакаме да ги трошиме парите на холандските даночни обврзници. Знаете дека постојат интернет портали кои последниве 2 години, ја поддржуваат руската нарација ја инвазијата во Украина, а добиваат европски и американски пари. И јас не би сакам да сум во кожата на нивните политичари кои треба да објаснуваат зошто подржувате интернет портали кои се продолжена рака на Кремљ“,

изјави Пендаровски.

Шефот на државата ја објаснува и својата одлука да ги потпише указите за прогласување на законите поврзани со изградбата на автопатските коридори 8 и 10д, зделка која ја доби американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка. Зад ваквиот потег, според Пендаровски, нема позадина поврзана со поддршка за негово евентуално повторно кандидирање за претседател

„Пред пакетот закони воопшто да влезе во Парламентот предупредив на можноста во измените на Законот за работни односи да стои одредба за 60-часовна работна недела и во таков случај сигурно немаше да го потпишам указот затоа што минатата година Уставниот суд веќе ја прогласи за неуставна таа одредба во тогашните измени на истиот закон. Значи, главната причина да го потпишам Указот беше тоа што во Законот кој беше усвоен во Парламентот не постои одредба за 60-часовна работна недела. При тоа, да појаснам дека указите што ги потпишав не се однесуваат на договорот меѓу Владата и Бехтел-Енка, ниту пак се однесуваат на составот на Надзорниот одбор кој треба да ја надгледува изградбата на автопатите околу чија што структура се појавија неколку издржани критики во јавноста. Иако тоа не ме прашавте, сакам да одговорам и на еден друг аспект кој беше присутен во јавноста, дека со потпишување на указите, наводно сум сакал да добијам политичка поддршка од владејачката коалиција за втор претседателски мандат. Да повторам уште еднаш за оние кои намерно или ненамерно шпекулираа: потпишаните укази се однесуваат исклучиво на содржината на петте закони кои беа усвоени во Собранието и тој чин нема апсолутно никаква врска со ниту едно друго политичко или правно прашање“,

вели Пендаровски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

План на Бујар Османи за нормализација на ситуацијата на Косово

Следно

Ердоган на инаугурацијата: „Столетието на Туркије“ започна и вратата за подемот на Туркије е отворена

Latest from Blog