Откако Заев демантираше, Ковачевски не сака да коментира за наводниот пуч во СДСМ

January 13, 2023
1 min read

На прашање во какви односи се со Заев, Ковачевски денеска одговори дека со сите поранешни лидери на СДСМ има комуникација како со луѓе што биле дел до развојот на партијата и државата и кога има потреба се консултира со нив

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски не сака да коментира за информациите дека неговиот претходник, Зоран Заев, му подготвувал пуч во партијата бидејќи, вели, тоа го демантирал и самиот Заев, а и не сака да коментира други политичари.

„Самиот поранешен претседател на СДСМ и на владата ги демантираше тие наводи, така што јас не би сакал да коментирам бидејќи никогаш не коментирам други политичари“,

рече Ковачевски.

Ваквите прашања следуваат до премиерот откако пред Нова година, порталот „Плусинфо“ пишуваше дека Заев подмолно се обидува да го урне Ковачевски“ и дека имал идеја за делење на власта меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, без партиципација на ДУИ.

Заев за овие наводи се огласи единствено преку социјалните мрежи со демант во кој наведе дека нема намера да го дели СДСМ и прави „некаков си измислен пуч“.

На прашање, во какви односи се со Заев, Ковачевски денеска одговори дека со сите поранешни лидери на СДСМ има комуникација како со луѓе кои биле дел до развојот на партијата и државата и кога има потреба се консултира со нив.

„Мојот однос со сите претходно претседатели на СДСМ е на ниво на комуникација со луѓе кои се вградиле како во развојот на партијата, така и во развојот на државата бидејќи сите извршувале високи државни функции. Секако дека искуството кое го имаат доколку биде потребно, тогаш јас знам да се консултирам со нив. Најголем дел од претседателите присуствуваа и на трибините што ги имавме како политичка партија во октомври, ноември и декември. Сите на различни трибини, така што со тоа ја искажаа својата поддршка“,

вели Ковачевски.

Зборувајќи за состојбите во партијата, тој оцени и дека по поразот на локалните избори во октомври 2021, СДСМ се консолидирал и се вратил на победничките патеки.

„Таа консолидација се потврди преку големиот број трибини – 79 кои успеавме за релативно краток период да ги одржиме низ цела држава каде учествуваа сите членови на раководството и исто така да победиме на изборите во Маврово и Ростуше, со историски најголема разлика, да избереме градоначалник во друга општина и да го подобриме резултатот во Општина Тетово каде имаше избори за совет. Сето тоа потврдува дека СДСМ е вратен на победничките патеки и дека сите одлуки се носат во рамки на официјалните тела за што информираме секогаш во јавноста“,

рече Ковачевски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Полицијата пронајде марихуана кај лица во Центар, Гази Баба и Кисела Вода

Следно

Трагедија во Скопје: Паднал по скали и починал на лице место

Latest from Blog

Исплатата на правата од социјална и детска заштита е во тек

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец ноември е започната на ден  5 декември, а продолжува и денес односно

Скопскиот аеродром во првите 10 месеци од 2024 година опслужил над 2,5 милиони патници

Аеродромот во Скопје се рангираше на 135 место по фреквентнос во Европа, и ги надмина аеродромите во Понга Делгада, Закинтос и Тромсо. Во периодот од јануари до октомври оваа година, низ скопскиот
Go toTop