Осумгодишно момче извлечено живо 155 часа по земјотресите во Туркије

February 12, 2023
1 min read

ГАЗИАНТЕП (АА) – Осумгодишното момче Семих Еге Инџе е извлечено од урнатините 155 часа по земјотресите што во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, известува Анадолу.

Спасувачите го извлекоа момчето од урнатините на зграда во Газиантеп, а со возило на Итната помош е префрлено во болница.

„Најмалку 24.617 лица загинаа во двата разорни земјотреси што ги потресоа јужните региони на Туркије“, соопшти потпретседателот на оваа земја, Фуат Октај.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анчелоти: Нема да заминам од Реал додека не ме избркаат

Следно

Приведен Мехмет Ертан Акај, инженер задолжен за стручен надзор на изградбата на зграда која се урна во Газиантеп

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop