Ново издание на 360° – интервју со Ковачевски: Влегува ли Алијанса и си оди (останува) ли Алтернатива?

1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 27 јануари 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваше Димитар Ковачевски, премиер и претседател на СДСМ

Со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, разговараме за политичката динамика дома и за тензиите на релациите Скопје – Софија. Дали Алијанса за Албанците на Арбен Таравари ќе влезе во Владата и дали во такво сценарио Алтернатива на Африм Гаши ќе остане или ќе замине од мнозинството? Колку е стабилен и обединет СДСМ по медиумските написи дека „Заев се обидува да го урне Ковачевски“ и дека договарал со Мицкоски брзи избори и заедничка влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по нив? Има ли Владата план како да стигне до уставни измени со кои ќе ги внесе Бугарите, Црногорците и Хрватите во преамбулата имајќи предвид дека без процесот да заврши до ноември-декември, преговорите за членство со ЕУ ќе запрат? Дали на 4 февруари ќе им биде забранет влез во државава на еден европратеник и други бугарски државјани како што препорача претседателот Стево Пендаровски?

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Загадувањето доаѓа од многу страни и потребни се многу пристапи, велат од „Шанса за Центар“

Следно

Кои се најпознатите жители на Тафталиџе?

Latest from Blog

Почна?

„Интензитетот се зголемува ама ќе треба да мине прилично долго време,“ изјавил Подолјак, порачувајќи дека како