Ново издание на 360°: „Бугаризација на Македонија“ – интервју со Весела Чернева

May 20, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 19 мај 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваше Весела Чернева – потпретседателка на Европскиот совет за надворешни работи и советничка за надворешна политика на Кирил Петков во периодот кога беше бугарски премиер

Наводите дека официјална Софија сака „бугаризација на Македонија и Македонците”, како и дека усвојување на уставните измени би значело отворање пат за нови и нови бугарски барања и условувања, се дел од темите за кои разговараме со Весела Чернева – потпретседателка на Европскиот совет за надворешни работи (ЕСНР) – призната меѓународна тинк-тенк организација во чиј фокус е европската надворешна и безбедносна политика. Чернева е директорка на канцеларијата на ЕСНР во Софија. Од 2010 до 2013 беше портпаролка и членка на политичкиот кабинет на тогашниот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Младенов, во една од владите на Бојко Борисов. За македонската јавност, Весела Чернева е позната како советничка за надворешна политика на премиерот Кирил Петков. Владата на Петков падна кон средината на 2022 г. по излегувањето на партијата Има таков народ на Слави Трифонов, кој нашуштањето на владејачката коалиција предводена од Продолжуваме со промените го објасни со разидување со Петков на темата – однос кон Северна Македонија. Трифонов обвини дека министерка за надворешни работи не била Теодора Генчовска, кадар на неговата партија, туку советничката на Кирил Петков – Весела Чернева.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПСЖ со нов договор за Маркињос до 2028 година

Следно

Лидерите на Г7 порачаа дека нема да се двоумат да ја поддржат Украина

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop