Нова година, нови 40 партиски вработувања во државната администрација (ФОТО) 

January 16, 2023
1 min read

Владините институции продолжуваат со преполнување на администрацијата со партиски кадри и по новата година. Имено станува збор за објавени четири нови огласи за вработување на 40 работни позиции и тоа во Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за храна и ветеринарство, ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ при Министерството за здравство како и јавното претпријатие на Град Скопје Лајка.

Во Фондот за здравствено осигурување се вработуваат дури 13 службеници во неколку подрачни единици, а позициите се од референт, контролор, стручен соработник, соработник па се до шеф на одделение, а нето платата изнесува од 18.022 денари најниска, па 27.980 денари највисока во зависност од позицијата на која се вработуваат.

Агенцијата за храна и ветеринарство и ЈЗУ УК Тоарилуц исто вработуваат по 13 службеници.

Агенцијата вработува дури 7 на позицијата советници инспектори во одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните, одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство , како и одделение за инспекција за храна од неживотинско потекло при Сектор за инспекциски надзор во неколку подрачни единици со нето плата од 26.566 денари.

Додека пак на останатите 6 работни места се вработуваат соработник, помлади соработници, помлад референт, со нето плата од 18.106 до 23.922 денари.

Во ЈЗУ УК Тоарилуц според објавениот оглас се вработуваат 13 јавни службеници на работно место шест помлади референт со нето плата од 20.618 денари, соработник за информатичко работење 29.006 денари, советник за правни работи 27.268 денари, советник за административно технички и општи работи со плата од 27.268 денари, двајца помлади соработници за јавни набавки со плата од 27.268 денари, еден помлад соработник за човечки ресурси, како и еден самостоен референт за кадрови работи со нето плата од 22.581 денари.

Понатаму, и јавното градско претпријатие Лајка објавува оглас за вработување на еден јавен службеник на позицијата раководител на одделение за општи, правни работи и управување со човечки ресурси со нето плата од 32.604 денари.

Само минатата година се објавија над илјадници огласи за вработување во јавната и државна администрација, и сето ова се коси со најавите на премиерот Димитар Ковачевски кој уште минатата година со преземање на функцијата најави промена во начинот на функционирање на администрацијата, како и нејзино намалување за 20 проценти.

Иако, Ковачевски најавуваше дека новата влада на СДСМ ќе се насочи кон вработување на квалитетни кадри, на транспарентен начин во јавноста е познато дека ваквите јавни огласи се објавуваат само од правно формален аспект бидејќи веќе претходно се знае кој ќе вработен на одредено работно место.

За потсетување, Македонија изминатите години добива континуирани забелешки во делот на модернизација на јавната администрација и подобрување на процесите за вработување од страна на Европската Унија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕП разгледува можност за одземање имунитет на двајца пратеници поради скандал

Следно

Спасовски: Ќе продолжиме да се справуваме со хибридните напади

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop