ЕП разгледува можност за одземање имунитет на двајца пратеници поради скандал

January 16, 2023
1 min read

Европскиот парламент вечерва ја почна повеќемесечната постапка за одземање на имунитетот од кривично гонење на двајца пратеници кои белгиските истражители сакаат да ги испрашаат за корупциски скандал.

Собраниската комисија за правни прашања ќе ги разгледа барањата и ќе побара во рок од еден месец да се донесе заклучок за да може парламентот да гласа на следната редовна седница во средината на февруари.

Италијанецот Андреа Коцолина и Белгиецот Марк Тарабела, двајцата членови на левиот центар на социјалистите и демократите на Европскиот парламент, преку своите адвокати негираат дека сториле каков било прекршок.

Грчката европратеничка Ева Каили и поранешниот италијански пратеник Пјер Антонио Панцери, заедно со уште двајца, се во белгиски притвор под обвинение за корупција и перење пари поврзани со наводни плаќања од Катар. Државата Катар и Каили негираа дека сториле нешто лошо, додека адвокатот на Панцери одби да коментира, а целата афера е наречена „Катаргејт“.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Учебната година нема да заврши на 10-ти јуни

Следно

Нова година, нови 40 партиски вработувања во државната администрација (ФОТО) 

Latest from Blog

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното
Go toTop