Спасовски: Ќе продолжиме да се справуваме со хибридните напади

January 16, 2023
1 min read

Мирна и стабилна е безбедносната состојба во државата, без посебни индиции дека таа може да биде нарушена, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24.

Тој кажа дека на безбедносната состојба влијанија имаат случувањата од воената агресија на Русија во Украина, но исто така и други аспекти, како што се економска кризата и енергетската криза, но и случувањата во регионот.

-После Украина секако се зголемија и хибридните напади, но со нив ќе продолжуваме да се справуваме. Сајбер криминалот ќе биде во фокусот и во иднина. Ние немаме подигнато ниво на безбедност. Важно е да се остваруваат нашите стратешки приоритети, особено мирот и стабилноста кај нашите граѓани, рече Спасовски.

Според него, состојбата и покрај сите случувања сега е во нормала, но многу е важно да се прават и проекции за наредниот период.

-Тие проекции ги правиме особено според видот на криминалитетот и тука можат да се вклучат сите безбедносни органи, кажа Спасовски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова година, нови 40 партиски вработувања во државната администрација (ФОТО) 

Следно

Арсенал сака до крајот на јануари да потпише со Влаховиќ

Latest from Blog

Бил Клинтон сведочи за Епштајн: Не видов и не направив ништо лошо

Во своето воведно излагање пред членовите на комисијата, Клинтон потврди дека „не видел ништо“ и дека „не направил ништо лошо“. Неговото сведочење, кое се одвива зад затворени врати во Чапаква, Њујорк, следи

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични автобуси

Министерствто за транспорт денеска објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за

ТВ 24 дојде до иницијативата со која одбраната бара ОЈО да го ревидира обвинението за „Пулс“

Јавното обвинителство да го ревидира обвинението за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и да ја запре постапката за дел од обвинетите кои не биле на функција, бара одбраната на дел од
Go toTop