Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на Абу Даби

December 7, 2024
1 min read

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе тргне од првата стартна позиција на утрешната трка од  шампионатот во Формула 1  што ќе се вози за Големата награда на Абу Даби.

Ова беа последни квалификации за сезоната 2024. Веднаш до Норис ќе биде неговиот клупски колега, Оскар Пјастри.

Од вториот ред ќе тргнат Карлос Сајнц (Ферари) и Нико Хулкенберг.

Актуелниот светски шампион Макс Верстапен ја освои петтата стартна.

Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон во својот последен настап за Мерцедес ќе стартува од 18. место.

Почетокот на трката на патеката „Јас Марина“ во Обединетите Арапски Емирати е утре во 14 часот. Со оваа трка се затвора сезоната во Формула 1. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефовите на дипломатиите на Туркије, Русија и Иран во Доха разговараа за ситуацијата во Сирија

Следно

Емине Ердоган на Доха Форумот 2024: Случувањата во Газа можеме да ги дефинираме како постмодерен холокауст

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop