Шефовите на дипломатиите на Туркије, Русија и Иран во Доха разговараа за ситуацијата во Сирија

December 7, 2024
1 min read

ДОХА (АА) – Министрите за надворешни работи на Туркије, Иран и Русија, Хакан Фидан, Абас Арагчи и Сергеј Лавров се состанаа во Доха за да разговараат за актуелните настани во Сирија разурната од војна, јавува Анадолу.

Шефот на турската дипломатија, Фидан, на социјалната мрежа Х објави дека започнал министерскиот состанок во Форматот од Астана за сирискиот мировен процес што овие три земји го иницираа претходно во главниот град на Казахстан.

Фидан наведе дека состанокот се одржува на маргините на 22. Форум во Доха, на кој во главниот град на Катар се собраа околу 6.000 еминентни учесници од сите делови на светот.

И од руското Министерство за надворешни работи потврдија дека овој состанок во формат на Процесот од Астана.

Сирија е средиште на граѓанска војна од 2011 година, а судирите повторно се интензивираа од крајот на ноември кога антирежимските групи ја презедоа контролата врз Алепо. Потоа ја презедоа контролата врз цел Идлиб, а потоа и врз Хама.

Вчера опозициските групи ја презедоа контролата и во покраината Дера на границата со Јордан. Денес, локалните опозициски групи ја презедоа контролата во јужната покраина Сувејда и во Палмира кај Хомс.

Опозициската Сириска национална армија ја спроведе операцијата „Зора на слободата“ против терористичката организација ПКК/ЈПГ во округот Тел Рифат, ослободувајќи го подрачјето од терористичките елементи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Пишувањето писма со жалопојќи до меѓународните претставници нема да ги направи функционерите од ДУИ Европејци“

Следно

Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на Абу Даби

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop