Николоски: Со промена на власта, со предвремени избори работите во државата ќе почнат да се средуваат пополека, расположението кај граѓаните ќе биде на подобро

January 9, 2023
1 min read

„Ова ќе е економски тешка година затоа што јасно е дека војната во Украина ќе трае долго како што стојат сега работите, но постојат и многу работи кои што дома можат да се направат и кои што можат да ја подобрат состојбата. Не гледам капацитет во оваа Влада дека тоа може да го направи. И затоа мислам дека една од основните задачи се предвремени парламентарни избори после кои што се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие голема поддршка кај народот за да можеме да составиме Влада и ќе почне да ја влече државата од овој безизлез во кој што е сега“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Николоски додаде дека во продлабочување на кризата одиграа улога и надворешните фактори како што е КОВИД-19 и војната во Украина. Но за сериозната економска криза во Македонија главен виновник е неспособната Влада.

„Внатрешни фактори кои што дополнително народски кажано ставаат масло на оган, тука пред се е високата распостранета корупција, криминал и општата состојба на безнадежност што ја чувствуваат граѓаните. И кога сето ова ќе го ставите во комбинација и во контекст, навистина постои помеѓу народот огромно разочарување дури и многумина мислат дека и нема излез. Не само што е допрено дното, туку многумина мислат дека не може да се оди нагоре откако веќе е допрено дното. И затоа мислам дека основна задача за оваа 2023 година е да се врати оптимизмот, да се врати вербата и надежта, светлината како што велам во својата колумна кај народот. Затоа што тоа е основа за да имаме напредок во државата“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека со промена на власта, со предвремени избори работите во државата ќе почнат да се средуваат пополека. Со менување на работите на подобро ќе започне и да се менува расположението кај граѓаните.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бразил: Бројот на уапсени приврзаници на Болсонаро порасна на околу 1 500

Следно

Јувентус до крајот на јануари без повредениот Влаховиќ

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop