Навивачот на Вест Хем кој сам ги тепаше хулиганите на АЗ: Не сум херој, едноставно не сакам насилници (ВИДЕО)

May 21, 2023
2 mins read

59-годишниот навивач на Вест Хем, Нолзи направи херојско дело во Алкмар откако храбро им застана на патот на ултрасите на АЗ и спречи да дојдат до трибината на која имаше семејни навивачи на англискиот им, меѓу кои и сопруги и деца на фудбалерите. Полицијата и редарите на мечот реагираа бавно, но Вест Хем го имаше херојот Нолзи кој ги спречи хулиганите да влезат на трибината и да ги нападнат луѓето од Англија.

Нолзи е стар и легендарен навивач на Вест Хем кој е татко на четири деца. Веднаш беше препознаен од другите фанови на англискиот клуб кои го истакнаа неговото херојство. Доби благодарност и од дел од играчите и нивните сопруги, но Нолзи скромно вели дека тој не е херој туку го правел само тоа што мислел дека требало да го направи.

„Не сум херој, само го правев тоа што требаше да го направам. И не е вистина дека сам се борев против напаѓачите. Имаше уште еден тип кој го правеше истото. Едноставно не сакам насилници, оние кои ги напаѓаат слабите и морав да направам нешто за да ги запрам. Така сум ги воспитал и своите четири деца. Секогаш ќе стојам во одбрана на жени, деца и послаби луѓе“, вели херојот, Нолзи.

„Помислив дека најдобра одбрана е да ги нападнам. Не сакав да им дозволам да се пробијат до луѓето зад мене и ги нападнав. Јас, како и останатите навивачи на Вест Хем, во Алкмар дојдов мирно, фамилијарно со зетот и пријател. Но потоа видов како ултрасите на АЗ се собираат и тргнуваат кон нашите трибини. Ние им бевме на пат, па одлучија да не нападнат, јас помислив дека е најдобро да застнам на врвот на скалите кои се влез на нашата трибини и да ги одбивам еден по еден. Нормално е дека примив удари, но тоа ми беше планирано. Да примам удари додека не дојде засилување. Одбив барем четворица, но двајца ми дојдоа зад грб и ме удрија неколкупати во лице“.

Нолзи негира дека тој бил хулиган од старата школа кој бил член на озогласените ултраси на Вест Хем, „Интер Сити Фирм“:

„Никогаш не сум бил во никакви неволји, јас сум само обичен навивач на Вест Хем со годишна влезница, редовен сум на домашните натпревари. На гостувањата не одам често бидејќи жена ми не би била среќна со тоа. Еве погледнете каков „хулиган“ сум. Ја гледате оваа голема лузна на десната страна. Тоа е од неодамнешна операција со која ми е вграден вештачки колк“.

Симпатизерите на Вест Хем кои го величеа херојството на Нолзби, бараа од клубот да му даде бесплатни влезници за финалето од Конференциската лига.

„Не сакам тој грозен напад да ни ја засени фантастичната вечер во која Вест Хем се избори за историско европско финале. Жал ми е што никако не можев да дојдам до влезница за тој меч, кој ќе го играме за две недели во Прага против Фиорентина. Би сакал да бидам на тој натпревар. Се надевам дека на него нема да има никакви нереди и дека ќе уживаме во фантастичен меч“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО) Италија под закана од нови поплави, досега над 27 000 луѓе беа евакуирани од своите домови

Следно

ТРАГЕДИЈА: Во Ел Салвадор во стапмедо загинаа дванаесет навивачи на стадион (ВИДЕО)

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop