Мој је живот кешарица

February 14, 2023
1 min read

Што всушност е дигитална валута издадена од централна банка? Практично, кратовски купон бидејќи на таа валута може да се наметнуваат лимити и контроли што може да се купи а за што да не се користи (види: Цел свет, дигитално орвелијанско Кратово)

Швајцарците ќе добијат шанса засекогаш да го задржат кешот, односно да се осигураат дека нивната економија никогаш нема да стане безготовинска.

Движењето за слободна Швајцарија собрало 110.000 потписи, и повеќе од доволни да се оди на референдум по тоа прашање. Сакаат во швајцарскиот закон да се додаде клаузула според која доволна количина банкноти и монети секогаш ќе мора да останат во оптек.

„Не само што укинувањето на кешот претставува закана за транспарентноста, едноставноста и безбедноста, туку и носи голема опасност од тоталитарен надзор од државата“, изјавил претседателот на движењето, Ричард Колер.

Готовината игра сè помала улога во многу економии, затоа што електронските плаќања стануваат сè почести во дигитализираните друштва, што пак на државите им олеснува да ги следат трансакциите на своите граѓани. 

97% од Швајцарците сè уште чуваат пари во кеш, во новчаник или дома. Во Шведска само 9% плаќаат во готовина, а во САД со кеш се 60%

Швајцарските власти немаат против ваквата иницијатива и сметаат дека начинот на плаќање треба да остане право на личен избор. 

*********

Види:

Краток излет во „зајачката дупка“

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Човеколики неволји “- Изложба на партиципативен уметнички проект во КСП Центар Јадро

Следно

Туркије: Браќата Јенинар спасени од урнатините деветтиот ден по земјотресот

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop