„Човеколики неволји “- Изложба на партиципативен уметнички проект во КСП Центар Јадро

February 14, 2023
1 min read

Вторник (14.02.2023), во 20ч., отворање на изложбата на уметничкиот проект „Човеколики неволји“. Човеколки неволји е партиципативен уметнички проект инициран од Ивана Мирчевска, во коj учествуваат Ангела Манчевска, Дијана Велковска, Ивана Самандова, Ивана Јовановска, Јован Гаковски, Кристијан Стефановски, Риџет Ферати и Христина Крстеска.

Препознавјќи го пејзажот и неговите сочинители како активни посредувачи во креирањето на условите за живот, проектот се повикува на локалните еколошки предизвици, истражувајќи ги проблематичните граници меѓу формите создадени од човекот и нечовечките нешта.„Човеколкиувањето“, или, антропоморфизирањето, претставува културна и визуелна практика на припишување човечки карактеристики на околината, најчесто женски атрибути, однесувања и појави. Всушност, човечкиот лик е отелотворен и во денешниот дискурс кој ја објаснува тековната планетарна состојба преку поимот на „Антропоцен“ (ера во која човечкото влијание доминира врз природниот тек на процесите на природата).

Проектот поаѓа од интеракцијата на учесниците со нивните не-човечки алтер-ега: водени тела, воздух, обликоменувач, мицелиумска мрежа, почва, коски и желка. Истражувајќи форми на меѓутелесна комуникација, вмрежување и заедништво, помеѓу учесниците и алтер-егата, како и помеѓу алтер-егата кога делуваат заедно, проектот обработува разни форми на уметнички процес и продукција, проследени со посета на локални индустриски урнатини (поранешната фабрика „Стаклара“ и населбата „Керамидница“), антропогените шуми како Гази Баба и Марково Крувче, неолитската населба Tумба Маџари, базенот на Езерото Треска и пермакултурната градина Бостание.

На алтер-eгата им приоѓаме како човеколики неволји. Како објекти со антропоморфни карактеристики кои произлегуваат од проблематичната интеракција помеѓу луѓето и околината. Kако поглед или средба манифестирана во неможноста за меѓусебно разбирање, во препознавањето на едни со други, разменувајќи истовремено чувства на непријатност и задоволство.

Преку користење на текст, објекти, телесни движења и гестови, инстаграм филтри и звучна медитација, како и преку препознавањето на нашето ограничено разбирање за алтер-егата, тие самите ја трансформираат нашата желба за припишување човеколики карактеристики. Создадените алтер ега нѐ покануваат да ги прифатиме човековите сетилни и технолошки граници, во пресрет на заедничката прекаријатна еколошка сегашност.

 

Изложбата ќе се затвори во четврток (16.02.2023), во 20ч., со презентација и разговор за проектот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОЧИВАЈ ВО МИР: Последно испраќање на спортскиот новинар Зоран Поповски

Следно

Мој је живот кешарица

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop