МНР му одговори на Милков: Процесот на уставни измени е внатрешно прашање, нема можност да се вклучат лица од странство

1 min read

Од Министерството додаваат дека барањето кое го споменува бугарскиот министер Николај Милков околу вклучувањето на Бугарија во процесот на уставни измени во земјава ниту пристигнало до Министерството ниту, пак, било разговарано меѓу двајцата министри, иако Милков претходно изјави дека по однос на ова прашање разговарал Османи

Процесот на уставни измени е внатрешно прашање на Република Северна Македонија за кое одлучува Собранието, а согласно ова, не постои ниту можност ниту, пак, политичка волја во него да бидат вклучени граѓани или институции од странаство, вклучително и од Република Бугарија.

Вака Министерството за надворешни работи (МНР) ја коментира изјавата на шефот на бугарската дипломатија Николај Милков кој денеска од Брисел кажа оти и Бугарија сака да биде дел од процесот на уставните измени во земјава. Бугарскиот министер кажа и дека, во оваа смисла, вчера имал краток разговор со министерот Бујар Османи.

Сепак, во соопштението од македонското МНР се вели дека барањето кое го споменува Милков ниту пристигнало до Министерството ниту, пак, било разговарано меѓу двајцата министри.

Архивска фотографија од средба меѓу македонскиот и бугарскиот министер за надворешни работи

„Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Северна Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија“,

се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Оттаму нагласуваат дека процесот на уставни измени е внатрешно прашање на државата, што како обврска е поврзано со пристапните преговори за членство во ЕУ.

Претходно денеска, шефот на бугарската дипломатија Николај Милков од Брисел, каде што учествува на НАТО министерскиот состанок, изјави дека и Бугарија сака да биде дел од процесот околу уставните измени во Македонија. По однос на ова прашање, тој кажа дека имал и краток разговор со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во Струмица

Следно

По поразот на претседателските избори, Ѓукановиќ поднесе оставка од функцијата претседател на ДПС

Latest from Blog