По поразот на претседателските избори, Ѓукановиќ поднесе оставка од функцијата претседател на ДПС

1 min read

Мило Ѓукановиќ е претседател на ДПС од 1998 година. Одлуката дека поднесува оставка од партиската функција ја соопшти три дена откако убедливо ги загуби претседателските избори од Јаков Милатовиќ од Движењето Европа

Три дена по поразот на претседателските избори во Црна Гора, црногорскиот претседател во заминување и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ, сега поднесува оставка од функцијата претседател на партијата, пренесе регионалниот сервис на „Радио Слободна Европа“.

Својата одлука Ѓукановиќ ја соопштил на вечерашната седница на Претседателството на ДПС, а уште за утре е закажана седница на Главниот одбор на партијата на која ќе биде официјализирана одлуката.

Ѓукановиќ е претседател на ДПС од 1998 година, а в. д. претседател на партијата сега ќе биде Данијел Живковиќ – актуелниот шеф на пратеничкиот клуб на ДПС во црногорскиот парламент.

Ѓукановиќ ја објави одлуката дека поднесува оставка од лидер на ДПС три дена откако убедливо ги загуби претседателските избори од Јаков Милатовиќ од Движењето Европа.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

МНР му одговори на Милков: Процесот на уставни измени е внатрешно прашање, нема можност да се вклучат лица од странство

Следно

Столтенберг му одговори на Путин: НАТО никогаш не бил закана за Русија

Latest from Blog