Screenshot

ММФ предупредува: Бакарот станува сè поважен стратешки ресурс, Македонија сè уште не го користи својот потенцијал во Иловица

July 8, 2026
1 min read

Прекините во светските синџири на снабдување и конфликтите на Блискиот Исток повторно ја зголемија цената на бакарот, покажува најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд. Според Фондот, токму бакарот е меѓу металите што најсилно реагираат во периоди на геополитичка нестабилност.

Во исто време, Македонија располага со значајни резерви на овој критичен минерал, но тие остануваат неискористени. Додека производството во постојниот рудник „Бучим – Боров Дол“ постепено се намалува поради исцрпување на резервите, проектот за бакарниот рудник во Иловица и понатаму е во застој, иако би можел да претставува значаен нов извор на домашно производство и извоз.

Инвестицијата продолжува да биде во застој, иако според проценките од геолошките истражувања компанијата би можела да произведува околу 16 илјади тони бакар на годишно ниво. Постојат и други локации на кои сега се истражува присуството на бакар, а една од нив е во близина на Крива Паланка, каде се испитува и антимонот. Претходно, нереализирани останаа неколку инвестиции во рудник за бакар, како што е Казандол и во моментов државата нема големи количини кои може да ги понуди на светските пазари, иако еден тон бакар на Лондонската берза искачи вредност од над 13 илјади американски долари. 

Од локалната иницијатива „И здравје и работа“, која го поддржува проектот во Иловица, истакнаа дека се залагаат за економски развој, преку почитување на високи еко-стандарди и ги повикаа институциите доследно да ги почитуваат судските одлуки, да ги спроведат законските процедури и да носат одлуки врз основа на законите, фактите и стручните анализи.

„Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола. Но, ако ги исполнува сите пропишани критериуми, тогаш државата има иста таква обврска да постапува согласно законот, а не под притисок на поединци или интересни групи“, наведоа неодамна од иницијативата.

Додека кај нас проектите за ископ на бакар се соочуваат со низа пречки да го видат светлото на крајот на тунелот, ММФ оценува дека прекините во синџирот на снабдување извршиле сериозен притисок врз цените на основните метали. Кризата како онаа во Блискиот Исток предизвикала најмногу да поскапат бакарот, за 29,5 проценти, како и алуминиумот, за 29,8 проценти.

„Прекините во снабдувањето доведоа до зголемување на цената на основните метали… Цените на Фјучерс-пазарите за основни метали сугерираат понатамошно зголемување на цените во 2026 година, што укажува на отпорна побарувачка во услови на сè уште кревка понуда“, се наведува во анализата „Глобалната економија во сенка на војната“.

Покрај овие два критични минерала, од ММФ нагласуваат дека големи предизвици има и со ретките земни елементи, па ги повикуваат владите да промовираат комплементарни структурни реформи што би ги поедноставиле дозволите за рударство и би поттикнале инвестиции во металургијата. 

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата

Latest from Blog

Норвежаните погодени од настинки: Странд Ларсен e со треска, неколку играчи имаат кашлица и засипнатост

фото: FIFA World Cup Stats @alimo_philip (X) Светското првенство почнува да ја истрошува норвешката репрезентација. Пред четвртфиналето против Англија во сабота, неколку играчи се болни и имаат помали здравствени проблеми. Селекторот Столе

Руте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат Иран

„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на

Еврокомесарката Кос и министрите Јаневска и Сали во посета на студентскиот дом „Стив Наумов“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, заедно со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос ќе го

Швајцарија славеше по пенал – серијата и си закажа дуел со Аргентина! Познати се сите двојки во 1/4 финалето!

ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/ Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето. Откако по истекот на регуларниот дел и по двете продолженија 2Х15 минути беше 0:0 против Колумбија, победникот беше решен по изведување на пеналите. И тоа
Go toTop