Screenshot

Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата

July 8, 2026
1 min read

Скопје, 08.07.2026 – Google Street View се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го направи подостапен за луѓето насекаде.

Македонија е место каде што богатото културно наследство се среќава со секојдневната урбана трансформација. Историските знаменитости, природните богатства, растечките населби и променливата патна инфраструктура се дел од динамичниот карактер на земјата. Редовното освежување на сликите од Street View помага да се осигури дека Google Maps продолжува да ги одразува овие промени со поголема точност, релевантност и детали.

pastedGraphic.png

Со ова најново освежување се опфатени околу 13 000 километри низ целата земја, вклучувајќи ги Скопје, Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Струга, Струмица и други градови. Ажурираните слики ќе ги направат „Google Maps“ уште покорисни за жителите, бизнисите и посетителите кои секојдневно се потпираат на нив за навигација, планирање патувања и откривање нови места.

Новите слики ќе понудат и свеж поглед на контрастите што ја прават Македонија толку препознатлива, од современите урбани простори и прометни патишта, историските места како што се Скопската тврдина и Аквадуктот, препознатливите градски знаменитости, вклучувајќи го Камениот мост и Мостот на уметноста, како и природните и културни пејзажи, а меѓу нив и Охридското Езеро што зазема посебно место, како дел светското наследство на УНЕСКО.

Street View им овозможува на луѓето виртуелно да истражуваат улици, населби и дестинации пред да ги посетат лично. Без разлика дали однапред проверуваат рута, бараат локален бизнис, планираат патување или откриваат обележје, обновените слики ќе помогнат во полесна навигација, посигурно планирање патувања и побогато разбирање на местата низ целата земја.

Google е посветен на заштита на приватноста на корисниците. Пред објавувањето на собраните слики, се користи напредна технологија за автоматско замаглување на лицата и регистарските таблички на возилата. Street View вклучува функција за барање за замаглување на одредени слики (како што се лица, возила, куќи итн.) со кликнување на опцијата „Report a problem“ што се наоѓа во долниот десен агол на објавените слики на Google Maps. Повеќе информации за Политиката за приватност на Google можете да најдете на: https://policies.google.com/privacy.

За да ја истражите Северна Македонија во Street View, отворете Google Maps на вашиот компјутер или мобилен уред, пронајдете место што сакате да го посетите и повлечете ја жолтата икона Pegman на сина линија за да влезете во Street View.

Повеќе информации за Street View се достапни на: https://www.google.com/streetview/ .

pastedGraphic_1.pngpastedGraphic_2.png

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Норвежаните погодени од настинки: Странд Ларсен e со треска, неколку играчи имаат кашлица и засипнатост

Следно

ММФ предупредува: Бакарот станува сè поважен стратешки ресурс, Македонија сè уште не го користи својот потенцијал во Иловица

Latest from Blog

ЛШ и ЛК: ЕТО Ѓер веќе ги чека Вардар или Рига, Ц. Звезда убедлива во С.Ирска, Динамо Загреб со реми кај Тун!

ФОТО:.facebook.com/etofcgyor/ Вечерва се одиграа неколку натпревари, први од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции. Познато е дека во случај Вардар да ја мине Рига, тогаш во третата квалификациска

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О’Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во

Орце Ѓорѓиевски со екипите на градските јавни претпријатија на град СКОПЈЕ се на терен, ќе работат цела ноќ по невремето (VIDEO)

По силното невреме што денеска го зафати Скопје со бурни налети на ветер, екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегоа на терен за отстранување на последиците, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце

Во израелски напад на семејна куќа во Газа загинаа родителите и нивните четири деца

Според лекарите, Фирас Ал-Масри, неговата сопруга Салсабил и нивните три ќерки и син се убиени во нападот врз куќата во населбата Сабра. Израелската војска потврди дека го извршила нападот, наведувајќи дека целта
Go toTop