Ливерпул се вклучува и во трката за Виктор Осимен

June 13, 2025
1 min read

Aнглискиот шампион Ливерпул ќе биде еден од најактивните клубови на трансфер пазарот летово. „Црвените“ веќе го обезбедија потписот на десниот бек Џереми Фримпонг и се блиску до договор со германскиот репрезентативец Флоријан Вирц.

За холандскиот репрезентативец Ливерпул плати 35 милиони фунти, додека за Вирц се очекува да го срушат трансферниот рекорд во Англија со сума од речиси 130 милиони фунти.

И покрај овие големи зделки, тимот на Арне Слот не планира да застане со засилувањата. Според последните информации од Англија, скаутите на Ливерпул внимателно ја следат ситуацијата околу голгетерот на Наполи, Виктор Осимен.

Напаѓачот, кој минатата сезона беше на позајмица во Галатасарај, веќе одби понуда од милиони за трансфер во Саудиска Арабија, обидувајќи се да обезбеди трансфер во Европа. Се тврди дека турскиот гигант е подготвен да понуди 75 милиони евра за услугите на Осимен.

Од друга страна, фудбалерот посакува трансфер во Премиер – лигата. Пред некое време се зборуваше дека тој е цел на Манчестер Јунајтед, а според нови информации, во трката за неговиот потпис би можел да се вклучи и Ливерпул. Се претпоставува дека понуда од 90 милиони евра би била доволна за Осимен да пристигне на „Енфилд“.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Иран го нападнаа вкупно 200 ирански авиони со 330 парчиња муниција

Следно

Турција најостро ги осудува нападите на Израел врз Иран

Latest from Blog

Леброн си заминува од ЛА Лејкерс

Екипата на Њујорк Никс влегува во новата НБА-сезона како еден од кандидатите за висок пласман во Источната конференција, и додека медиумите најмногу се занимаваат со прашањето за тренерот, поточно, со доаѓањето на

ВИДЕО: И покрај сите апели, националистички скандирања за Голема Албанија и Илирида на Градски

И покрај сите апели и предупредувања за фер и спортско навивање без националистички испади, навивачите на Шкендија тоа не го испочитуваа на вечерашниот натпревар. Скандирања за Илирида, Голема Албанија…,повеќепати вечерва одекнуваа на

Жена се удави во Грција

Жена (66) од Србија се удави во морето во туристичкиот град Нидри на југоистокот од Лефкада. Според грчките медиуми, жената била пренесена во болница во Лефкада. На 27 јули на популарната грчка

Стефковски за Прва скопска ТВ: Одговорноста за недостиг на вода во Гази Баба е исклучиво во Градот Скопје

Во интервју за Прва Скопска телевизија, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, меѓу повеќето прашања одговори и на неодамнешните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, оти во велмораториум за градби, откако
Go toTop