Едриличарскиот клуб „Snegar Struga“, организира воведна сесија во едрење

August 5, 2025
1 min read

Еurope House Struga на својата фб страница информира дека во соработрка со Edrilicarski Klub Snegar Struga, организира воведна сесија во едрење.

Клубот со долга традиција и клучна улога во развојот на едрењето во Македонија, наведува дека едрењето во Македонија има корени уште од 1948 година, и дека токму во Струга започнува неговиот организиран развој.

„Во 1972 година тука е основан Едриличарскиот сојуз, а клубот Снегар е формално регистриран во 1974 година како продолжение на едриличарската секција при Друштвото за водени спортови „Црн Дрим“. Преку децении на работа, клубот има обучено генерации натпреварувачи, развиено сопствена класа јахти („Сирма“) и постигнато значајни резултати на регионални и европски регати“, пишува на фб страната.

Од таму информираат дека Македонија која е земја без море, едрењето можеби не доаѓа природно, но дека Струга, Охрид и Охридското Езеро во овој спорт имаат посебна улога.

„Со добри услови за тренинг и ентузијасти кои ја градат оваа заедница, има одличен потенцијал едрењето да се развие и како туристичка понуда, за квалитетна рекреација, за ангажирање на младите, па и за меѓународна спортска афирмација“, пишува во фб објавата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВАР стартува во Македонија, утре промоција на системот

Следно

Стефковски за Прва скопска ТВ: Одговорноста за недостиг на вода во Гази Баба е исклучиво во Градот Скопје

Latest from Blog

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe

Проданоски: Прилеп е пример за успешно селектирање и управување со отпадот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека денеска во Прилеп биле одржани средби со претставници од општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Струмица, кои во рамки на студиска посета на
Go toTop