ВИДЕО: И покрај сите апели, националистички скандирања за Голема Албанија и Илирида на Градски

August 5, 2025
1 min read

И покрај сите апели и предупредувања за фер и спортско навивање без националистички испади, навивачите на Шкендија тоа не го испочитуваа на вечерашниот натпревар.

Скандирања за Илирида, Голема Албанија…,повеќепати вечерва одекнуваа на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот Шкендија – Карабах.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше брзо по испадите на мала група навивачи на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.

МВР апелира за фер и спортско навивање, било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани

За потсетување, навивачите на Шкендија не го испочитуваа ниту едноминутниот молк на натпреварот против Брера, а во чест на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани. За време на молкот, навивачката група Балисти од трибините упатуваа свирежи и пееја песни за УЧК.

Денешниот натпревар заврши со пораз за Шкендија од 1:0 од Карабах. Единствениот гол првакот на Азербајџан го постигна од пенал во 18.минута.

При една интервенција Вебстер направи фаул на линијата од шеснаесетникот и по прегледувањето на ВАР снимката судијата Иван Кружлиак ја промени одлуката и наместо слободен удар гостите изведоа пенал. Сигурен реализатор беше Турал Бајрамов.

Реванш натпреварот се игра на 12.август во Баку.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жена се удави во Грција

Следно

Леброн си заминува од ЛА Лејкерс

Latest from Blog

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop