Лекарската комора обезбеди парична донација за настраданите во Турција

February 10, 2023
1 min read

Во знак на солидарност и поддршка, Извршниот одбор на Лекарска комора донесе одлука за доделување парична донација во висина од 5.000 евра за настраданите граѓани на Турција во катастрофалниот земјотрес кој однесе многу човечки животи и предизвика огромна материјална штета.

Средствата се уплатени во фондот “Хуманитарна акција” кој е воспоставен од Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Република Турција.

-Лекарската комора го поздравува големиот одзив на здравствените работници на повикот за медицинска помош во Турција кој го објави Министерството за здравство и ги охрабрува сите доктори на медицина кои се во можност да помогнат во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес, се вели во денешното соопштение од Лекарската комора.

Комората изразува длабоко сочувство за жртвите од земјотресот, загуба која, како што велат оттаму, никогаш нема да може да се надомести и ја истакнува итната потреба да се помогне. Хуманоста и солидарноста е основен предзнак на лекарската професија, а сега е важен момент кога сите, согласно своите можности, треба тоа да го покажат на дело.

-Лекарската комора испрати и писмо за поддршка до Лекарската комора во Р. Турција во кое искажа подготвеност за помош со ресурсите со кои располага. Граѓаните и здравствените работници на нашата држава знаат што значи поддршката во вакви моменти, поради тоа што се соочиле со природна катастрофа од ваков вид, земјотресот во Скопје во 1963 година, кога многу наши семејства биле директно засегнати, истакнуваат од Комората.

Во овој момент, велат, најважно е да се обединат сите ресурси за помош кои постојат и да се насочат во подрачјата каде е најпотребно. Комората ги следи случувањата и во координација со надлежните институции ќе остане инволвирана во наредните активности за поддршка. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Извештај на МВР на Романија: Во случај на голем земјотрес 350.000 згради ќе бидат оштетени, а 45.000 луѓе ќе бидат повредени или загинати

Следно

Дојави за бомби во средни училишта во Софија

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop