Извештај на МВР на Романија: Во случај на голем земјотрес 350.000 згради ќе бидат оштетени, а 45.000 луѓе ќе бидат повредени или загинати

February 10, 2023
1 min read

Во случај на голем земјотрес во Романија со јачина од 7,4 – 8,1 степени според Рихтеровата скала, повеќе од 350.000 станбени згради ќе бидат сериозно оштетени, а бројот на тешко повредени или загинати луѓе ќе надмине 45.000. Ова се наведува во извештајот од страна на Генералниот инспекторат за вонредни ситуации на МВР со наслов „Национален концепт за пост-сеизмички одговор“, пренесе БТА.

Најмногу ќе настрада округот Бузау, а потоа следуваат Прахова, Галаци, Букурешт и Вранча со 39.000, 37.000, 35.000 и 33.000 оштетени згради. Податоците кореспондираат со проценката од крајот на 2021 година, но во јануари 2022 година ревизијата на Комората за ревизија покажува дека ситуацијата е многу полоша, јавија романски медиуми.

Третина од болниците во Букурешт, или 36 отсто, може да бидат сериозно оштетени од силен земјотрес, покажуваат податоците. Од 55 медицински установи во главниот град на Романија, 20 се изложени на сеизмички ризик додека 12 болници се класифицирани со највисок степен на сеизмичка опасност.

Податоците од извештајот покажуваат и дека од вкупниот број засолништа за цивилна заштита – 1.106 (јавни и приватни) со капацитет од 171.805 лица – функционираат само 60 отсто. Не постои национална банка за крв на национално ниво. Министерството за здравство има ограничени залихи на лекови, санитарни материјали и опрема потребни за давање итна медицинска помош.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По две години, Трамп се врати на Фејсбук и на Инстаграм

Следно

Лекарската комора обезбеди парична донација за настраданите во Турција

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop