Косовската опозиција: Курти прифати сè што вети дека нема да прифати

March 19, 2023
2 mins read

Разговорите меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, со посредство на Европската Унија, вчера во Охрид траеја повеќе од десет часа. По состанокот, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел соопшти дека Србија и Косово се согласиле за анексот за имплементација, кој заедно со Договорот, ќе биде дел од европскиот пат на двете страни

По вчерашниот договор меѓу спрскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти постигнат со посредство на Европската Унија, двете најголеми опозициски парти на Косово, Демократска партија на Косово и Демократска лига на Косово, упатија критики кон премиерот на Косово Албин Курти за кој велат дека прифатил сè што ветил дека нема да прифати.

Претседателот на Демократска партија на Косово Мемли Красниќи оцени дека Курти за помалку од три недели прифатил сè што ветил дека нема да прифати во текот на својот политички живот.

„Но, надвор од неговите измами, наша грижа останува Косово, нашите граѓани и идните генерации, кои, за жал, освен што ја изгубија вербата во перспективата што ја нуди Косово, ќе го наследат и замрзнатиот конфликт со Србија во годините што доаѓаат. И тоа е директна последица на грешките на Албин Курти кој преговараше и го овозможи овој договор кој е недоволен за Косово и кој не ги остварува нашите државни и граѓански цели“.

напиша Красниќи.

Тој додаде дека договорот без меѓусебно признавање, фокусиран на напредно здружување и политичка автономија на српската заедница и без гаранции за евроатлантските интеграции на Косово, е голем политички и национален неуспех, „кој сите ќе го плаќаме скапо и долго време“.

И претседателот на Демократска лига на Косово Лумир Абдиџику преку објава на Фејсбук рече дека епилогот на премиерот Албин Курти во дијалогот е измама и губење на историска шанса.

„Освен тоа, договор без признавање, не конечен и со плус асоцијација во него е она што Курти денеска го донесе на Косово. Оваа нова ситуација, трансформирана како интеграциска обврска за нашата земја, е непоправлива“.

напиша Абдиџику.

Според Абдиџику, поставените услови на Курти, одржаните говори, дадените ставови, едноставно биле поништени.

Разговорите меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, со посредство на Европската Унија, вчера во Охрид траеја повеќе од десет часа. По состанокот, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел соопшти дека Србија и Косово се согласиле за анексот за имплементација, кој заедно со Договорот, ќе биде дел од европскиот пат на двете страни.

Борел рече дека договорот и анексот се сметаат за усогласени и прифатени од двете страни и дека ќе се сметаат за усвоени, односно ќе важат, откако тој ќе даде изјава дека е така или со објава од негова страна.

Албанскиот државен врв го поздрави вчерашниот договор меѓу Косово и Србијаоценувајќи дека е уште една гаранција за мирот, стабилноста и иднината на регионот во Европската Унија.

Српската Н1 синоќа го објави анексот на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, договорен по маратонските разговори во Охрид.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Банките може да пропаѓаат, менаџерите никако

Следно

Вотсон: САД го поздравуваат договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop