Банките може да пропаѓаат, менаџерите никако

1 min read

Извори на Скај њуз го опишале бонусниот фонд како „скромен“, проценувајќи го меѓу 15 и 20 милиони фунти. Се крие колкав дел од тоа отишол кај извршната директорка Ерин Платс и нејзините менаџери.

Бонусите ги потпишал новиот сопственик кој со тоа сакал да покаже доверба во постоечките кадри. Се работи за HSBC, најмоќната британска банкарска и финансиска институција која пред да отворат берзите во понеделникот, постигна договор да ја купи филијалата на  СВБ за една фунта.

Ова беше овозможено со отстапка од правилата за неутралност кон банките воспоставени после финансиската криза во 2009-ма година. Владата цела недела сериозно беше лобирана од стотици технолошки претприемачи дека е погрешна проценката дека колапсот на СВБ УК ќе нема големо влијание на големата слика.

„Колапсот ќе го врати финансискиот еко-систем 20 години назад,“предупредуваа тие.

Вработувајќи околу 700 луѓе во Британија, SVB UK е профитабилен бизнис, но беше доведен до раб на колапс поради проблемите на нејзината американска матична компанија. 

Бонуси биле исплаќани и на американските менаџери, непосредно пред банката базирана во Санта Клара да пропадне. А тоа се случи откако во ургентна потреба од кеш, банката почна да продава обврзници со голема загуба, што инстантно ги испаничи клиентите и инвеститорите.

Од веста за продажба на обврзници до колапс на банката минаа само 48 часа.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Шаленберг: Добри вести пристигнаа од Охрид

Следно

Косовската опозиција: Курти прифати сè што вети дека нема да прифати

Latest from Blog