Кабинетот на Пендаровски за Џамбаски: Ставовите на претседателот беа дадени по седница на СБ, надлежностите се кај Владата

January 25, 2023
1 min read

Бугарскиот европратеник денеска упати индиректна закана за атентат до Пендаровски порачувајќи му да се потсети како завршил српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ кој беше убиен во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО, на 9 октомври 1934 година

По индиректните закани упатени кон претседателот Стево Пендаровски од европратеникот Ангел Џамбаски, од неговиот кабинет во кратко коментар велат дека ставовите на претседателот биле дадени по седницата на Советот за безбедност (СБ) и оти сега надлежностите се во рацете на Владата.

„Во однос на прашањата, немаме дополнителен коментар. Ставовите на претседателот Пендаровски беа дадени по седницата на Советот за безбедност. За понатамошни чекори, надлежностите се кај Владата на Република Северна Македонија“,

велат од кабинетот на претседателот во одговор за државната агенција МИА.

Седница на Советот за безбедност кај Пендаровски се одржа пред два дена, по која претседателот во обраќањето до јавноста рече дека ќе ѝ предложи на Владата да им забрани влез во државава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица – државјани на Бугарија поради дејствија што претходно ги преземале и сè уште ги преземаат против нашата држава.

Денеска, европратеникот Џамбаски на прашање на бугарската телевизија Нова дали се препознава во изјавата на Пендаровски, упати индиректна закана за атентат порачувајќи му на претседателот да се потсети како завршил српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ кој беше убиен во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО, на 9 октомври 1934 година.

„Што се однесува до тоа да ми биде забрането да влезам во Македонија, нека се потсети Стево Пендаровски, претседателот на Северна Македонија, познат по прекарот Стево Коминтерната, дека многу други луѓе се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија и резултатот на тоа бил да речам, последниот таков резултат се случил со југословенскиот, српски крал Александар Караѓорѓевиќ. Така што, да учиме од историјата, ако се обиде да ми забрани влез во Македонија, нека ја види историјата и нека учи од неа“,

рече Џамбаски.

За изјавата и заканите од европратеникот, Министерството за надворешни работи излезе со остра осуда, реагираше до бугарското МНР, а најави и дека ќе се обрати и до Европскиот парламент (ЕП) со барање да се огради од изјавите на Џамбаски. Исто така, му препорача на Пендаровски да реагира и до неговиот бугарски колега Румен Радев.

„Заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи, очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава“,

додадоа од МНР.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонија ќе загуби пристап до Креативна Европа, ако до 31 мај не се усогласи со Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги

Следно

(ФОТО) И САД ќе испратат тенкови во Украина

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop