Јужноафриканската Република ја снабдува Русија со оружје и покрај неутралноста во конфликтот, обвини амбасадорот на САД во оваа земја

May 12, 2023
1 min read

Кабинетот на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса соопшти дека е разочаран од ваквите тврдења зашто не се обезбедени докази за нивно поткрепување, но додаде дека случајот се истражува

Јужноафриканската Република е еден од најважните сојузници на Русија во Африка, но таа остана непристрасна и се воздржа од гласање за резолуциите на ОН за војната во Украина

Амбасадорот на САД во Јужноафриканската Република обвини дека оваа земја ѝ испорачува оружје на Русија и покрај прогласената неутралност во руско-украинскиот конфликт. Амбасадорот Рубен Бриџети тврди дека руски брод бил натоварен со муниција и оружје во пристанишниот град Кејптаун минатиот декември.

„Тоа што Јужноафриканската Република ја вооружува Русија е длабоко неприфатливо. Ова не се потези на неутрална земја“,

изјави амбасадорот на САД за новинарите.

Тој обвини дека оружјето било натоварено во руски товарен брод кој тајно се закотвил во поморска база во близина на Кејптаун минатиот декември, а потоа бил пренесен во Русија.

„Уверени сме дека оружјето беше натоварено на тој брод. Јас би се обложил за точноста на тоа тврдење. Вооружувањето на Русите е исклучително сериозно и би сакале Јужноафриканската Република да почне да ја спроведува својата политика на неутралност во пракса“,

им рече амбасадорот на новинарите.

Кабинетот на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса соопшти дека е разочаран од ваквите тврдења зашто не се обезбедени докази за нивно поткрепување, но додаде дека случајот се истражува.

Јужноафриканската Република е еден од најважните сојузници на Русија во Африка, но таа остана непристрасна и се воздржа од гласање за резолуциите на ОН за војната во Украина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Арсенал загуби уште еден важен фудбалер до крајот на сезоната

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Поради пожар, затворен за сообраќај мостот кој води од „Ист гејт“ кон Железничка станица

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop