Јовица Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување на санкции

January 18, 2023
1 min read

Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување на санкциите, откако на вчерашната владина седница беше разрешен директорот на Управата, Марјан Спасовски

Јовица Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување на санкции. Стојановиќ е именуван на денешната седница на Владата, која го прифати предлогот на министерот за правда.

„Владата го прифати и предлогот на министерот за правда, да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување на санкции“,

се наведува во соопштението од владината прес служба.

Стојановиќ по вторпат е директор на Управата за извршување на санкции, откако претходно мандатот го извршувал од 2017 до 2022 година.

Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување на санкциите, откако на вчерашната владина седница беше разрешен директорот на Управата, Марјан Спасовски.

Владата на вчерашната седница го разреши Марјан Спасовски, неколку дена по бегството на 36-годишниот Беким Мемети, за кое со кривични пријави во притвор завршија тројца затворски полицајци и командир на смена во затворот „Идризово“.

Марјан Спасовски беше именуван за директор на Управата за извршување санкции во ноември 2020 година. Тој претходно беше директор на затворот „Куманово“, познат и како Кшање, по истоименото село во чија близина се наоѓа, но поднесе оставка од оваа функција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вучиќ: Пред Србија тешка година, една од најтешките во поновата историја

Следно

Зеленски пред светските лидери во Давос: Иако не ја почнавме војната, ние ќе ја завршиме

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop